Русите соборија два дрона во Сирија
Објавено во: Свет 25 Април, 2018
Руската војска синоќа соборила два дрона на бунтовниците кај руската воена база „Хмејм“ во западниот дел на Сирија.
Информацијата ја соопштија денекса.
„Вчера околу 20 часот по локално време системите на руската противвоздушна одбрана открија и уништија два дрона на бунтовниците, на десет километри од аеродромот во Хмејм“ -рекол во Москва началникот на Генералштабот, Сергеј Рудској.
Хмејм ја штитат батериите од системот „С-400“ и мобилните ПВО-системи „Панцир“ и „Тор М1“.