20 Април, 2024
0.0268

РУСКАТА НОВИНАРКА КОЈА ЖЕСТОКО ГО КРИТИКУВАШЕ ПУТИН НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ Е: Путин го нарекува убиец, а неговите војници фашисти

Објавено во: Свет 05 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Руската новинарка Марина Овсјаникова, која во директен пренос протестираше против нападот на Украина, денеска потврди дека побегнала од домашен притвор каде завршила поради наводно повторно ширење на лажни вести.

Се сметам себеси за целосно невина и бидејќи нашата земја одбива да ги почитува нејзините закони, одбивам да ја почитувам забраната што ми беше наметната на 30 септември 2022 година и се ослободувам од неа“, напиша таа на нејзините профили на Телеграм и на Твитер.

Нејзиниот адвокат изјави дека 44-годишната новинарка требало да се појави на рочиштето во 10 часот по московско време и дека моментално не се знае каде се наоѓа.

Во август, Овсјаникова беше осудена на два месеци домашен притвор за протестот во јули, каде што стоеше до Кремљ со плакат на кој рускиот претседател Владимир Путин го нарекува убиец, а неговите војници фашисти.

Таа се соочува со 10 години затвор за ширење лажни вести за руските вооружени сили. Нејзиниот домашен притвор требаше да трае до 9 октомври, но државниот медиум „Раша тудеј“ во саботата напиша дека таа избегала со нејзината 11-годишна ќерка и дека не се знае каде се наоѓаат.

Се уште не е јасно како успеала да побегне, а во понеделникот нејзиното име и фотографија се појавија на официјалниот список на Министерството за внатрешни работи на бегалци.

Таа во денешното соопштение потврди дека избегала и го критикуваше членот од законот според кој е обвинета за „ја кажува вистината“. Русија донесе нови закони за „намерно ширење лажни информации“ на 4 март, осум дена по почетокот на нападот врз Украина.

Претходно во март, Овсјаникова се појави пред камерите во едно телевизиско студио за време на информативна програма носејќи натпис „стоп за војната“ и „те лажат“.


Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато