Руски борбен авион со 14 души исчезна при израелски напади на Сирија
Објавено во: Свет 18 Септември, 2018
Руски воен авион со екипаж од 14 члена исчезнал над Средоземно море во исто време кога израелски борбени авиони од типот Ф 16 вршеле напади врз сириската провинција Латакија. Според Си Ен Ен, можно е авионот да бил соборен од сириската противвоздушна одбрана, која се бранела од израелските напади.
Руското министерство за одбранапотврди дека авион од типот Ил 20 исчезнал од радарите, а засега нема никаков коментар од страна на Израел.