07 Декември, 2025
0.0446

Руски дронови влегоа во молдавскиот воздушен простор, еден заврши на куќа

Објавено во: Свет 25 Ноември, 2025 18:01

Добивај вести на Viber

Шест руски дронови влегоа во молдавскиот воздушен простор, а еден заврши на покрив од куќа. 

Молдавските воени системи за надзор открија шест беспилотни летала во воздушниот простор на земјата за време на големиот руски напад врз Украина во ноќта меѓу 24 и 25 ноември.

Еден дрон е откриен во областа Виноградивка-Вулканешти, по што се движел кон државната граница со Романија. Го преминал воздушниот простор на висина од приближно 1.500 метри.

Подоцна, системите за надзор забележале уште пет дронови како го преминуваат воздушниот простор во близина на Дондошен, Орхеј, Бендера, Вадул луи Вода и Флорешти. Едно од нив паднало на покривот на куќа во селото Нижни Кукурешти.

Министерството за одбрана ги повика граѓаните „да ги пријават сите туѓи предмети што ќе ги забележат и да не ги допираат предметите што паднале на земја, туку да ги известат властите“.

Претходно, украинските воздухопловни сили објавија дека за време на голем комбиниран руски напад на 25 ноември, руски дрон можеби влегол на територијата на Романија.

Романија и Молдавија утрово потврдија нарушување на нивниот воздушен простор.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека четири беспилотни летала од типот „Шахед“ го нарушиле воздушниот простор на Молдавија и Романија.

Ова не е првпат Русија да го наруши воздушниот простор на други земји кои не се вклучени во конфликтот. За ова НАТО се закануваше на Русија. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев