Руски хакери украле повеќе од 100 милиони долари
Објавено во: Свет 06 Декември, 2019
САД покрена обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари.
Американските власти вчера покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“ и го замрзнаa имотот на 17 негови соработници поради дигиталниот криминал преку кој од компании ширум светот собрале повеќе од 100 милиони американски долари.
Официјалните лица понудиле сума од 5 милиони американски долари за информации што би довеле до апсење на нејзиниот наводен водач – Максим Јакубец.
Властите го опишале 32-годишниот Јакубец како љубител на скапи автомобили, со регистарска табличка на неговиот „ламборџини“, на која на руски пишува „крадец“, а кој своите операции ги води од подрумите на московските кафулиња, пренесува „Ројтерс“.
Само во САД, челеновите на оваа хакерска организација предизвикале загуби од околу 70 милиони американски долари.