Руски хеликоптер се урна во Сирија
Објавено во: Свет 08 Мај, 2018
Руски хеликоптер Ка-52 вчера се урна во Сирија, а двајцата пилоти загинаа, соопшти руското Министерство за одбрана.
Хеликоптерот се урнал за време на „рутински лет“ над источна Сирија.
Телата на пилотите се пронајдени.
Според прелиминарните информации, причина за падот на хеликоптерот најверојатно е техничка неисправност.