Руски конзул е најден мртов во станот во Атина
Објавено во: Балкан 09 Јануари, 2017
Амбасадата на Русија во Грција соопшти дека конзулот на Русија, Андреј Маланин починал во својот стан во Атина.
Kонзулот не се појавил утрово на работа и не одговарал на повиците.
Полицијата дошла во станот и го пронашла конзулот мртов. Моментално се води истрага за причините за смртта.
Според првичните информации, тој починал од природна смрт.
Маланин имаше 55 години.