19 Април, 2024
0.0356

РУСКИ ЛЕКАРИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Еве зошто не треба да се брза со вакцината против КОВИД-19

Објавено во: Свет 08 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство на Русија потврди дека првата вакцина во светот против ковид 19, направена од московскиот институт за микробиологија „Николај Гамалеја“, ќе биде регистрирана на 12 август.

Претходно, прегледите беа спроведени на волонтери во воената болница „Бурденко“, како и во Институтот во московскиот медицински институт „Сеченов“.

Интересно е што голем број на истакнати руски професори и експерти, меѓу нив и првиот човек на Катедрата за микробиологија, вирологија, имунологија на Медицинскиот универзитет „Сеченов“, Виталиј Зверев, тврдат дека нема потреба да се брзаме да проценат дека вакцината е ефикасна. Главната причина за тоа е премалиот примерок на луѓе што го добија.

Академик Зверев, кој истовремено е директор на Институтот за вакцини „Мехников“, објаснува дека е потребно време за да се докаже ефективноста на вакцината.

„Процесот на истражување на вакцините не може да се скрати. Во Русија, во првата фаза, беше тестирано на дваесетина волонтери, и тоа не е доволно за да се дадат заклучоци за неговата ефикасност. Во Кина учествуваа 500 волонтери во првата фаза“, вели Виталиј Зверев. И затоа не треба да брзаме со вакцинацијата на првата група за која е наменета, а тоа е, меѓу другите, доктори.

Според академското мислење, постојат два типа на ризик поради брзање. Досега непознатите ефекти на вакцината може да се појават по шест месеци или една година. Второ, нема докази или информации колку ќе трае имунитетот.

Во Институтот „Николај Гамалеја“, кој ја направи вакцината против вирусот корона, заменик-директорот за научна работа и микробиолог Денис Логунов објаснува дека вакцината е направена бргу затоа што се занимавале со вакцината против вирусот МЕРС, кој е сличен на САРС-Ков2. И тие ја избраа таканаречената векторска вакцина затоа што е безбедна и ефикасна.

„Сомневањата дека имунитетот создаден од вакцината ќе се намали со текот на времето се прерано. Фактот дека ќе се намали бројот на антитела не значи дека ќе исчезне имунитетот против короната“, вели Логунов.

Постојат неколку причини за брзање околу регистрацијата и „однапред“ пофалби за ефикасноста. Првата е желбата да се запре ковид 19 и да се намали стравот кај граѓаните. Но, постојат и други причини поврзани со научниот престиж, затоа што е важно во која земја прво ќе се појави вакцината и има огромен финансиски ефект.

За разлика од Американците, чија вакцина ќе биде најскапа (околу 50 американски долари), и каде ќе бидат потребни две дози, руската вакцина ќе биде евтина и руските граѓани ќе ја примаат бесплатно и доброволно. За проширување на пазарот, руската вакцина наскоро ќе биде тестирана во Турција и неколку други арапски земји, како и во Јужна Америка. Ако се покаже како ефикасно, ќе се произведува таму под лиценца.

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесис, го осуди „националистичкото“ усвојување на потенцијална вакцина против коронавирус и ги предупреди богатите земји дека доколку го одржуваат третманот на себе, не можат да очекуваат дека тој ќе биде безбеден доколку сиромашните земји останат во опасност. Откако бројот на заразени со вирусот корона во светот надмина 19 милиони, Тедрос рече дека е во интерес на побогатите земји да и помогнат на секоја земја да се заштити од овој вирус.

Можеби ќе ве интересира

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин