Руски научник: Кој стои зад труењето на Скрипал и неговата ќерка?
Објавено во: Свет 20 Март, 2018
Според рускиот научник, Леонид Ринк, кој инаку учествувал во создавањето на нервниот агенс со кој беа отруени поранешниот руски шпион Скрипал и неговата ќерка, нападот не личи на московска работа бидејќи тие веднаш не умреле.
Според него, Британците можеби стојат зад нападот.
Тој потврдил дека за време на Советскиот сојуз работел во воена установа каде што бил развиван нервниот агенс „Новичок“.