Рускиот патријарх три дена во Албанија
Објавено во: Балкан 26 Април, 2018
Рускиот патријарх Кирил в сабота ќе допатува во тридневна посета на Албанија. Посетата е на покана на Албанската првославна црква, а пристигнувањето на патријархот Кирил во Албанија, според поглаварот на Албанската првославна црква, Анастас, е историска.
Според протоколот што го објави Албанската автокефална првославна црква, рускиот партијарх на својата прва посета на Албанија, покрај средбите и верските активности во Берат и Тирана, ќе има средби и со албанскиот државен врв, претседателот Илир Мета и премиерот на Албанија Еди Рама.
Албанските медиуми информираат дека албанското МВР ќе презема високи мерки за безбедност, за време на посетата на рускиот патријарх, а за време на престојот во Албанија патријархот Кирил ќе има и руско обезбедување.