РУСКИОТ ПАЗАР „ЕКСПЛОДИРАШЕ“ ПО РАЗГОВОРОТ НА ТРАМП И ПУТИН: Геополитичкиот земјотрес веднаш се прошири и во економијата

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2025 08:29
Рускиот финансиски пазар забележа силен пораст по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, што ги поттикна шпекулациите за ублажување на санкциите, објави Њујорк Тајмс.
Главниот индекс на Московската берза вчера порасна за повеќе од пет отсто, достигнувајќи го највисокото ниво од минатото лето.
Во исто време, руската валута зајакна за повеќе од три отсто во однос на доларот, со што се надополнија дел од загубите настанати од почетокот на војната во Украина.
– Вредноста на руските инвестициски средства и рубљата денеска нагло пораснаа. „Оваа реакција на пазарот ги одразува надежите за обновување на политичкиот дијалог меѓу Русија и САД и намалување на геополитичките тензии“, рече Олег Кузмин, главен економист во инвестициската банка „Ренесанс капитал“.
Сепак, како што пишува весникот, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјавил дека Трамп и Путин не разговарале за укинување на санкциите и покрај тоа што економијата е една од темите на нивниот разговор.
Економските експерти предупредуваат дека понатамошниот раст ќе зависи од исходот на преговорите за ставање крај на конфликтот во Украина.
Посилната рубља би можела да помогне во намалувањето на инфлацијата, која достигна 9,5 отсто во 2024 година, но долгорочната стабилност ќе зависи од натамошните политички и економски потези.
Телеграф.рсМожеби ќе ве интересира
ВЛАДАТА РАЗРЕШУВА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ - не ги исполниле зацртаните цели

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика
