Рускоска објави снимка од Боки 13 и Кичеец
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2020
Обвинителката Вилма Русковска денеска во завршните зборови за случајот „Рекет“ на изненадување на одбраната на обвинетите објави снимка од камерите во домот на Јордан Камчев од 21 февруари 2019, односно еден ден подоцна откако Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец излегуваат со торбата “луј витон”.
Според Рускоска, со оваа снимка која прв пат се пушта пред јавноста, побиено е тврдењето на обвинетиот Јовановски дека не знае каде завршиле парите од снимката на која се гледа како Кичеец изнесува торба Луј Витон од домот на Јордан Камчев, односно дека чантата му била вратена на осомничениот во случајот „Империја“. - Доставивме доказ со точна локација и фотографија дека торбата завршила во домот на родителите на Јовановски, истакна Русковска, која додаде дека намерно ја чувале оваа снимка за завршните зборови Според Обвинителката, на снимката се гледа како Кичеец навистина враќа некаква торба во домот на Камчев но дека тоа не е Луј Витон чантата. На ова реагираа адвокатите на Јовановски и на Катица Јанева, поранешната шефица на СЈо која исто така е обвинета. На ова реагираше и обвинетиот Боки 13 кој рече дека се работи за монтажа.
На снимката се гледа како Боки и Кичеец еден по друг влегуваат во домот на Камчев. Милески со него носи значително помала рачна чанта со темна боја