Русковска: Не сакам оваа истрага да се претвори во реалити шоу
Објавено во: Македонија 21 Август, 2019
Обвинителката Вилма Русковска вечерва изјави дека откако обвинителката Катица Јанева стана третоосомничена во „Рекет“ и доби притвор, случајот и натаму ќе се истражува.
Истрагата продолжува. Таа вели дека не сака оваа истрага да се претвори во реалити шоу.
Обвинителката вели дека без доволно докази не можела да бара притвор за Јанева, откако во аудио снимките се слушна нејзиниот глас.
Русковска вели дека ако имала докази и за други лица, и тие ќе биле приведени.
Потврди дека само еден од телефоните на Јанева бил форматиран.
Русковска вели дека 90% од доказите се обезбедени во предистрагата.
На прашањето што се сменило од вчера до денес, вели дека ништо не се сменило, но и дека Јанева не била повикана во својство на сведок, а за тоа дали ја излажала јавноста не знае.