Рустеми не дојде на распит за „Рекет“
Објавено во: Македонија 15 Август, 2019
Бурим Рустеми не се појави на сослушување.
Најверојатно причината за непојавување на обвинителот од СЈО, и одложување на распитот е рочиштето за случајот „ТНТ“ кое денеска се одржува а за кое Рустеми е надлежен.
Случајот „Рекет“ го истражува обвинителката Вилма Рускоска а засега само две специјални јавни обвинителки дадоа искази .
Двајцата осомничени за Рекет Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец се во притвор.