19 Април, 2024
0.0251

САД И ГЕРМАНИЈА СЕ ВЕТЕНИ ЗЕМЈИ: Повеќе од половина од населението би заминале

Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Голема е желбата за заминување од Албанија. 

Повеќе од половина од граѓаните на оваа земја сакаат да заминат во некоја побогата држава каде ќе имаат подобар живот. 

Ова се наведува во студија изработена од професорот Расел Кинг од Универзитетот во Сасекс и албанскиот истражувач, Илир Гедеши.

Студијата открива дека потенцијалната миграција на земјата се зголемила од 44 проценти во 2007 година на 52 проценти во 2018 година.

„По падот на комунизмот во Албанија, во 1991 година, повеќе од 1,4 милиони Албанци, речиси половина од сегашната популација во земјата, емигрирале, главно во Италија и Грција, а помалку во Велика Британија, Германија и САД“, стои во студијата.

Во неа стои дека економските мотиви се главниот фактор на миграцијата, но за разлика од порано, Албанците сега претпочитаат да заминат во Германија и САД, а не во соседните земји.

Поради економската криза од 2008 година, која ги погоди економиите на Италија и Грција, 133.544 албански емигранти беа принуди да се вратат во Албанија. Но, истите продолжиле да бараат излез. 

Според пописот спроведен во  2011 година, Албанија има 2.891.977  жители. Од вкупната попишана популација, со постојано место на живеење во Албанија се 1.421.810 жители, додека другите престојуваат во странство до една година.

Ако споредиме со податоците од пописот во 2001 година, бројот на вкупната популација е помал за 7,7 отсто, како резултат на емиграцијата и намалениот наталитет. Се предвидува дека до 2025 година населението во Албанија би можело да се сведе под еден милион.

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот