САД и Македонија ќе слават, ЕУ ќе бојкотира во Израел
Објавено во: Свет 13 Мај, 2018
Македонија ја прифатила поканата да биде меѓу земјите кои заедно со САД ќе го прослават селењето на американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим, објави изралескиот весник „Хаарец”.
Преселбата на амбасадата ќе се случи утре, а вечерва е гала прославата што ја организира израелското МНР и на кој ќе присуствуваат Македонија и 31 друга земја. Европската Унија главно ја бојкотира оваа прослава и на свеченоста се најавени само 4 земји членки на ЕУ, Австрија, Унгарија, Чешка и Романија. Нема да присуствуваат ниту претставници на Русија, Египет или Мексико.