САД ја блокираше Хрватска во купувањето на 30-годишни борбени авиони
Објавено во: Балкан 28 Декември, 2018
САД го блокираше купувањето на Хрватска на 30-години стари борбени авиони од Израел во износ од 500 милиони долари.
Хрватска веќе го имаше склучено договорот со Израел за моделите F-16 Barak, но американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ја блокирал продажбата пред својата оставка. Како причина за тоа се наведува тоа што Израел ги надградил ловците и не смее да ги продава во таква состојба, туку само во „изворна“ а не во друга верзија.
За да се овозможи пренос, САД барал Израел да ги отстраните своите инсталирани системи и да ги врати во неговата оригинална состојба, пред авионите да бидат доставени на Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми повикувајѓи се на извори од САД.
Според договорот за Трансфер на трета страна, секоја земја треба да побара и да добие писмено одобрение од надлежните органи на САД доколку сака да го модифицира и да го препродаде купеното американско оружје.
"Од причини кои не се сосема јасни, Американците поставија строги услови за трансфер. Бизнис за продажба на F-16 на Хрватска практично се распадна и мислиме дека не е можно да се постигне договор кој истовремено ќе ги задоволи условите на САДи хрватските барања ", рече израелскиот официјален претставник за американски Axios.
Тој додаде дека Израел нема друг избор освен да се извини на Хрватска.