САД ЌЕ КУРТУЛАТ ОД НОВ КАРАНТИН - Фаучи не очекува драматична ситуација како зимата
Објавено во: Свет 01 Август, 2021
Д-р Ентони Фаучи, главниот медицински советник на претседателот Џо Бајден, рече дека не очекува САД повторно да одлучат да се затворат, и покрај зголемената опасност од инфекција поради новата варијанта делта.
„Мислам дека повторно нема да имаме затворање“, рече Фаучи. „Мислам дека доволен процент од луѓето во државата се вакцинирани, иако недоволно за борба против епидемијата, но сепак верувам дека е доволно да не се вратиме во ситуацијата во која се најдовме минатата зима“.
Сепак, тој предупреди дека „работите ќе се влошат“ бидејќи варијантата делта на коронавирусот продолжува да се шири меѓу населението.
„Во оваа земја, имаме 100 милиони луѓе кои имаат можност да се вакцинираат, но тие не го направија тоа“, рече тој.