25 Април, 2024
0.0286

САД по обвинението против Тачи: Чекор напред кон правдата за жртвите на Косово

Објавено во: Свет 25 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Откако беше поднесено обвинение против косовскиот претседател, поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, се огласи и Стејт департментот, за кого ваквиот потег на Специјалниот суд во Хаг е „уште еден чекор кон правдата за жртвите на Косово“.

Портпаролот на Стејт департментот рече дека САД го сметаат поднесувањето на обвинението за воени злосторства против Тачи и девет други, објавено од Кабинетот на независното специјализирано обвинителство, чекор кон правдата и процесот на помирување во Западен Балкан.

Од таму ги повикаа Специјализираниот совет на Косово и независната канцеларија на Специјалното обвинителство да се придржуваат кон нивниот мандат, додека случајот напредува низ судскиот систем, и оценија дека зад оваа објава е процес кој трае 20 години, пренесува „Гласот на Америка“.

„Овој чекор е неопходен за унапредување на владеењето на правото и за правда за жртвите во Косово и земјата да се оддалечи од овој ужасен период и да се приклучи на евроатлантската заедница“, се заклучува во соопштението.

Специјалното обвинителство во Хаг поднело обвинение од десет точки до Специјализираните комори на Косово за распит против Хашим Тачи, Кадри Весели и други, „обвинети за злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, присилно исчезнување, прогон и тортура“.

Во обвинението се тврди дека Тачи, Весели и други осомничени во обвинението се кривично одговорни за скоро 100 убиства.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови