САД сака глобална коалиција против Иран
Објавено во: Свет 24 Јуни, 2019
Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека сака да изгради глобална коалиција против Иран за време на итни консултации на Блискиот Исток.
Помпео го изјави тоа пред да замине во Саудиска Арабија.
Тој нагласи дека сака коалиција, не само меѓу земјите од Заливот, туку и во Азија и Европа, која, како што рече, „го разбрала предизвикот…од најголемиот спонзор за тероризам во светот”.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека САД ќе воведат нови санкции против Иран од денеска.