САД со план за меѓународна интеграција за Косово
Објавено во: Балкан 12 Мај, 2018
Весникот српски телеграф пишува 11 "клучни точки" на документот наречен "План за интеграција на Косово за меѓународна поддршка", кој наводно ги прифатиле Вашингтон, Германија, Франција, Велика Британија и Италија.
Во нив, според публикацијата, детално е разработен план за притисок, чија крајна цел е уништување на Србија, целосна независност на Косово и заминување на Белград од Москва.
Како клучни точки во овој "Вашингтонски документ" се наведени целосен суверенитет на Косово и членство во ОН, и вршење на притисок врз сите земји членки на ЕУ, кои се уште не го признале Косово.
Во планот исто така се нагласува дека треба да биде избегната секоја иницијатива за поделба на поранешната српска покраина, а исто така таа да биде прифатена во Интерпол, УНЕСКО, Советот на Европа, Светската царинска организација.
Меѓу точките на планот фигурира и притисок врз соседните држави за започнување на билатерални спорови со Србија, фабрикувани на афери со учество на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата најблиска околина, како и поголемо финансирање на невладините организации кои работат против владата во Србија .
Весникот додава дека средбата на пет светски сили се одржала на денот на воената парада во Москва.