28 Март, 2024
0.0296

САД ТИВКО ЈА ПРЕДУПРЕДУВААТ МОСКВА: НЕМОЈТЕ ДА УПОТРЕБУВАТЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - Вашингтон пост вели дека пораките содржат стратешка нејаснотија

Објавено во: Свет 23 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

САД веќе неколку месеци вршеле приватна комуникација со Москва со предупредување до руските лидери за тешките последици што следуваат доколку таа употреби нуклеарно оружје, соопшти денеска весникот Вашингтон пост.

Според извори на весникот, Администрацијатa на Бајден намерно давала општи предупредување за последиците од нуклеаренн напад, за Кремљ да има главоболки каков би бил одговорот на Вашингтон на таков напад.

-Обидите на Белата куќа да култивира она што во нуклеарното одвраќање се нарекува „стратешка нејаснотија“, доаѓаат во време кога Русија продолжува со ескалирачката реторика за можна употреба на нуклеарно оружје наспорти мобилизацијата дома, за да се запрат руските воените неуспеси во источна Украина, коментира весникот.

САД не откриваат каква е содржината на тие предупредувачки пораки, но факт е дека во изминатите месеци се ангажирани во постојана комуникација со Москва. Не се знае дали биле телеграфирани пораки и по најновата закана од претседателот Владимир Путин, кога најави „делумна“ мобилизација.

По почетокот на војната при крајот на февруари годинава Русија досега неколкупати се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје. Од Администрацијата велат дека иако во Кремљ не се срамат да врши нуклеарни уцени, засега не е забележано разместување на руски нуклеарни оружја за подотовка за неизбежен удар.

Завчера, после Путин, таква уцена испрати и Димитриј Меведев, шеф на Советот на безбедност во Кремљ. Во соопштение на својот Телеграм канал тој предупреди дека ако Запад не престане да ја снабдувате Украина со воена помош, Русија може да употреби најново „хиперзвучно“ оружје со цел да ја запре офанзивата и да ги замрзне придобивките на теренот.

Останува да се види дали ова сеуште останува блеф или тие навистина ќе го направат тоа. Путин во своето обраќање прецизираше дека „ние не блефираме“.

-Она што треба да се признае е дека ова е можеби најстрашната епизода во оваа војна, кога атомско оружје може да биде употребено, за првпат после многу децении. Последиците од дури и таканаречена „ограничена нуклеарна војна“ би биле апсолутно катстрофални, велат за весникот набљудувачите.

Можеби ќе ве интересира

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО