20 Април, 2024
0.0259

САД ЗА ИЗЈАВАТА НА ДОДИК: Заканите за распад на Босна и Херцеговина се неприфатливи

Објавено во: Балкан 25 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

САД реагираа по најавите дека Република Српска уште идната недела може да прогласи независност од БиХ.

Заканите со распад на Босна и Херцеговина се неприфатливи, а САД цврсто го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, се наведува во пораката која вчера ја испрати американската амбасада во Сараево.

„Соединетите Американски Држави остануваат цврсто приврзани на Босна и Херцеговина како демократска, мултиетничка, суверена и независна држава со неспорен територијален интегритет и нејзината иднина загарантирана во евроатлантската заедница на држави. Постапките или заканите поврзани со распаѓање на Босна и Херцеговина се неприфатливи и во спротивност со Дејтонскиот мировен договор и уставот на БиХ кои на ентитетите не им даваат право на отцепување“, гласи ставот на амбасадата на САД.

На политичарите во БиХ им е упатен повик да прекинат со реториката на поделби. Високиот претставник Валентин Инцко наметна закон со кој се забранува негирање на воените злосторства. Со одлуката за измени на кривичниот закон на БиХ, објавена во петокот, тој овозможи во иднина секое лице кое ги негира воените злосторства, вклучувајќи го и колежот во Сребреница, или ги величи извршителите на тие злосторства да се казни со затвор до пет години.

Претседателот на Претседателството на БиХ Милорад Додик веднаш на тоа одговори со најава дека тој закон нема да го почитува и најави чекори кои треба веднаш да доведат до распад на БиХ, односно одвојување на Република Српска од нејзиниот состав. Додик повика да се потпише петиција во која сите Срби во БиХ би се изјасниле дека не ја прифаќаат одлуката на Инцко.

Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ Шефик Џаферовиќ му порача на Додик дека со таквото однесување е на добар пат да заврши во затвор.

Додик претходно објави видео во кое повикува на отцепување на Република Српска од БиХ. 

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест