25 Април, 2024
0.2486

САЕМ НА МЕБЕЛ НА НОВА ЛОКАЦИЈА И ВО НОВИ СОВРЕМЕНИ ХАЛИ

Објавено во: Мои пари 14 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Долгоочекуваниот саем за Мебел, конечно, на задоволство на сите ќе се одржи од 9. до 14. октомври, на нова локација - комплекс ВИП Арена Борис Трајковски, на вкупна површина од 8000m2 која вклучува најсовремени монтажни хали, со еко-енергетски конструктивни елементи, двоен под и водоотпорни елементи со чија помош се покриваат сите надворешни површини при одржување на вакви манифестации. Ваквиот тип на хали, се позитивна пракса на сите организатори на саемски манифестации во Европа (Милано, Келн, Минхен, Белград, Софија, Солун).

Над 70 изложувачи, со своите последни понуди и попусти ќе бидат дел од ова 44. издание. Покрај учеството на сите домашни производители и трговци на мебел, учествуваат и директни изложувачи од странство: Србија, Косово, Бугарија и Италија. Долгоочекуваната изложба и понуда, ќе донесе најмалку 30.000 посетители, за кои следат изненадувања, награди и повлности од финансиските институции кои се дел од саемот.  

За полесно циркулирање на посетителите до Саемот на мебел, продолжува соработката со ЈСП Скопје, со тоа што двете вондредни линии 100/1 и 200/1 ќе бидат во функција додека трае саемската манифестација, со крајна автобуска постројка пред ВИП Арена Борис Трајковски.

Саемот за мебел, оваа година организира посебни едукативни настани кои се важни за производителите и трговците на мебел. Во соработка со Факултетот за дизајн на ентериер, за прв пат оваа година изложувачите ќе бидат оценувани според нови категории.

Билетите се по цена од 100 денари, а групните посети по 50 денари.

Повеќе информации на: https://www.facebook.com/SkopjeFair/


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка