19 Април, 2024
0.9348

САКА ДА УЖИВА ВО ПЕНЗИОНЕРСКИТЕ ДЕНОВИ - Меркел ја одби понудата на Гутиереш да работи во ОН

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја одбила понудата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да работи во светската организација.

Според германските медиуми, од кабинетот на Меркел соопштиле дека таа минатата недела телефонски разговарала со Гутереш и му се заблагодарила за понудата, но и дека не може да ја прифати.

Според медиумите, понудената работа би била интересна за неа, бидејќи суверено „владеела“ со меѓународната политичка сцена и се уште има голема репутација, но таа ја одбила работата бидејќи сака да ужива во пензионерските денови.

Медиумите потсетуваат дека Меркел при последното патување во Вашингтон најавила дека нема да брза да презема нови задачи. Генералниот секретар на ОН и понуди на Меркел да биде дел од високиот советодавен тим во светската организација.

Според германските медиуми, агенцијата ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори во ОН, на Меркел и понудиле претседателство во телото за глобални јавни добра, од што потенцијално би требало да имаат корист сите граѓани на светот. Гутереш преку писмо ја испратил понуда до Меркел. Телото за глобални јавни добра е проект на Гутереш кој е дел од реформите на ОН.

Во својот извештај за реформите на ОН минатата година, тој најави дека ќе ги повика поранешните шефови на држави и влади да воспостават глобална листа на јавни добра и други области од заеднички интерес каде што треба да се подобри управувањето.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато