20 Април, 2024
0.0312

САКААТ ДА ГИ ПОДУЧАТ, НО ГРЕШАТ - 8 од 10 родители во земјава користат физичко и психичко насилство

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Да се стави крај на насилството врз децата, порачаа учесниците на конференцијата „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан“, која денеска се одржа во Скопје.

„Насилството врз децата е една од најдевијантните појави денес која се случува за жал секој ден, во секој крај на светот. За многу од нив дознаваме од медиумите, од заедницата, од училиштата, но има илјадници за кои никогаш нема да дознаеме“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Глобалната анкета на УНИЦЕФ од пред две години покажува дека големо мнозинство – речиси 80 проценти од родителите и старателите користат најмалку една форма на насилство врз децата, а една петтина од анкетираните пријавиле дека користат само позитивни методи и ненасилни методи на родителство. 

„Истражувањата покажале дека децата - жртви на злоупотреба и насилство се изложени на поголем ризик и самите да повторат или сторат насилство кога ќе станат возрасни, и тоа најчесто врз сопствените деца. Насилството не им штети само на децата и на семејствата, туку на целокупното општество. Фрапантни показатели содржат и многубројните анкети на ученици и студенти кои укажуваат дека во детските години тие имаат искусено физичко и емоционално злоставување, телесно казнување, физичко и емоционално занемарување и можеби најтешкиот облик - сексуално злоставување“, нагласи претседателот.

Според него, некои проценки од 2013 година покажуваат дека глобалните економски влијанија и трошоци што се резултат на последиците од физичкото, психолошкото и сексуалното насилство врз децата може да достигнат и до 7 трилиони долари на глобално ниво. Тоа се повеќе од загрижувачки резултати и проценки.

Кај нас, во Република Северна Македонија, бројките, исто така, се немилосрдни.

„Истражувањата велат дека 8 од 10 родители користат физичко и психичко насилство, примарно со цел да ги подучат децата на тој начин. Кај нас преовладува ставот дека детето треба да биде послушно наспроти љубопитно или независно. Истражувањата укажуваат на генералниот став дека општеството не треба да интервенира во семејството и неговите утврдени практики и дека право на родителот е да го одгледува своето дете онака како што смета дека е најсоодветно“, нагласи претседателот.

Нашиот одговор во борбата против насилството врз децата, вели, мора да биде сеопфатен. Ниту една конференција, кампања или политичка заложба нема да е доволна за да се справиме со насилството врз децата. 

„Потребно е заедничко дејствување од сите нас, како индивидуи, потоа од страна на ресорните министерства, социјалните служби, образовните институции и граѓанскиот сектор. Да ја подигнеме свеста, да научиме како да го превенираме насилството и како да ги заштитиме децата од насилството. Доколку не успееме во превенција и заштита, последиците ќе бидат трауматични и долгорочни. Затоа е потребно интегрирано решение, заеднички пристап за проблем кој сите нас не засега. Здравствените работници треба да се оспособат да можат да препознаваат рани знаци на насилство. Образовниот систем треба да ги зајакне општествено-емоционалните вештини кај децата за да превенира врсничко насилство. Системот за социјална заштита треба да даде соодветен одговор преку оперативен и мултидисциплинарен стручен тим. Припадниците на полицијата треба да бидат професионално обучени за работа со деца“, потенцираше Пендаровски.


Можеби ќе ве интересира

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ