28 Март, 2024
0.0275

САКААТ ДЕЦАТА ДА ИМ СЕ ОБРАЗУВААТ СЕКСУАЛНО - но хомосексуалноста уште табу

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Речиси сите граѓани во земјава сакаат нивните деца во ушилиште да се едуцираат за сексуланото образование.

Исклучително висок процент од родителите, од 82 до 96 отсто, се согласуваат младите да изучуваат теми кои се дел од сеопфатното сексуално образование. Најголема согласност, 96 проценти, постои за теми поврзани со Заштита од насилство врз жените, сексуално насилство и насилство на социјални мрежи, услуги и медицинска помош при ризик од сексуално преносливи инфекции и ХИВ, заштита од несакана бременост, механизми за заштита на сексуални и репродуктивни права и промени во пубертетот.

Сепак, најмала согласност од понудените теми родителите покажуваат за значењето и давање на согласност на партнерот или партнерката при влегување во сексуален однос, иако и тука процентот е висок и изнесува 82 отсто.

Истражувањето на јавното мислење меѓу родителите за воведување нови содржини во наставата за сеопфатното сексуално образование спроведено од Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА, ги покажало овие резултати.

Бојан Јовановски од ХЕРА, на пресконференција нагласи дека целта на истражувањето е преку личните ставови и мислења да се добие подобро разбирање за подготвеноста на родителите за воведување на наставни содржини за сеопфатното сексуално образование.

Според истражувањето, за дури 59 отсто хомосексуалноста се уште не е општествено прифатлива.

ХЕРА заедно со Бирото за развој на образованието лани го изработиле Предлог – моделот и пилот програмата за воведување сеопфатно сексуално образование во основните и средните училишта во земјата, и предлагаат посебна програма за сексуално образование која би се изучувала како изборен предмет во основното образование.

Предметот би го предавале наставници или претставници на стручните служби од училиштата, кои доброволно би се пријавиле за обука и негово спроведување.

Бирото за развој на образование, заедно со ХЕРА и работната група предлага програмата да се спроведе во четири основни училишта пред воопшто да се подготват стратегија и план за целосно вклучување на сеопфатното сексуално образивание во училиштата.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?