САКАЛА ЕДЕН ДЕН ДА БИДЕ ЛЕКАР: Сонот на тинејџерката што беше убиена со калашников во автобусот на Косово ќе остане неостварен
Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2021
Медиумите на
Косово јавуваат дека втората жртва во вчерашниот напад врз ученичкиот автобус
кај Глоѓан е 17-годишната Г.М. Таа починала во болницата во Пеќ. Роднина на
убиеното девојче вели дека нејзиниот сон да стане лекар ќе остане неостварен.
„Имаше 17 години, секој ден патуваше со автобусот до средното медицинско училиште и секогаш се враќаше со истото. Тоа беше училишен возен ред, се враќаше како и секој ден со автобус, како и сите ученици“, вели роднината на Г.М.
За РТК сведочи дека семејството на убиената девојка е во шок.
„Таа никогаш не зборуваше за какви било проблеми на автобуската линија. Нејзината желба беше во иднина да биде доктор“
ФОТО: Фејсбук КТВ Принт скрин