САКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ СРБИЈА: Познатиот српски глумец и режисер, Мика Алексиќ, обвинет за силување глумици во неговото приватно училиште
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2021
Шокантната вест
ја обелодени актерката Милена Радуловиќ, која одлучи, како што самата вели, да
не молчи повеќе. Сведочи дека познатиот сопственик на школата за глума,
Мирослав Мика Алексиќ, ја силувал кога таа имала само 17 години.
По нејзиното признание во јавноста, Алексиќ синоќа, бил приведен и однесен во полициска станица. Тој е еден од најпознатите српски е продуценти, актери и филмски режисери. Најдобрите актери во Србија го посетувале неговото училиште. Некои од нив се: Никола Којо, Борис Миливојевиќ, Никола Ѓrуричко, Мирјана Јоковиќ, Виктор Савиќ, Вук Костиќ, Нада Маканковиќ, Ања Алац, Ваја Дујовиќ, Марија Бергаман, Хана Селимовиќ, Ивана Зариќ, Бојана Стефановиќ.
По синоќешното страшно признание на актерката Милена Радуловиќ, многу колеги јавно ја поддржаа, меѓу нив Маријана Мишиќ, Миодраг Радоњиќ, Нина Јанковиќ, како и режисерката Милена Грујиќ.
Извор: Mondo.rs