01 Септември, 2024
0.0307

САКАТЕ РАБОТА ВО ХРВАТСКА, НЕ МОРА ДА БАРАТЕ САМО НА МОРЕ - Градот Загреб има потреба од 450 странски работници, ќе им обезбеди и сместување

Објавено во: Економија 25 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Комунални работници, мијачи, чистачи, градинари, работници на патишта, работници на асфалт, работници во угостителство, гробари, чистачи на деловни простории, организатори на пазарни простори, помошни работници, но и келнери и готвачи. Вкупно 450 од нив ќе бидат вработени во Градот Загреб и сите ќе бидат странци.

Градот ќе бара агенција за посредување при вработување на странски работници со цел да им помогне да најдат луѓе за извршување на помалку сложени работи, за кои имаат намера да ангажираат физички работници без квалификации, како и оние за средно сложени задачи за кои е потребно средно стручно образование, пишува Вечерњи лист.

Според податоците што ги обезбеди Градот во процесот на прелиминарните консултации, што е чекор што се прави пред самиот тендер, планот е да се најдат повеќе агенции кои ќе посредуваат во процесот на регрутирање, да се склучат рамковни договори со нив за одреден период од две години, а сето тоа би требало да чини 663.614 евра без ДДВ. 

Рамковниот договор, ќе потсетиме, значи дека на Градот можеби нема постојано да му требаат сите видови работници што ги споменавме на почетокот и дека нема да има точно 450 од нив постојано да работат за Загреб.

Хрватска ја открија работници од Узбекистан и Египет, падна интересот на Косовците

Исто така, оваа сума, нешто повисока од 600 илјади евра, не се однесува на платите на самите работници, туку на трошоците за нивно носење во Хрватска. Затоа што Градот бара, што е и логично, се да биде според ПС, односно агенцијата да направи тест на пазарот на трудот, да се интервјуираат и селектираат потенцијални работници, да се собере сета потребна документација, да се потпише преддоговорот меѓу работниците и Градот, дека се е решено околу работните дозволи, и самиот работник да го упати за виза во Амбасадата на Република Хрватска, која е веќе надлежна за неговата земја.

Со парите што ги плаќа Градот, Агенцијата ќе треба да купи авионски билети за работниците, да им го организира превозот до сместувањето што ќе го обезбеди самиот Град, но и до лекарскиот преглед, со кој исто така ќе треба да помогнат , како и со регистрација на живеалиште и креирање тековна сметка. Градот бара работниците да имаат барем минимум познавање на англискиот јазик, односно ниво А1.

Можеби ќе ве интересира

Падот на патниците на скопскиот аеродром продолжува и во јули

Падот на патниците на скопскиот аеродром продолжува и во јули

ГИ ПРОДАВААТ КУЌИТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Русите бегаат од Финска

ГИ ПРОДАВААТ КУЌИТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Русите бегаат од Финска

НАРОДНА БАНКА: Растат каматите на депозитите

НАРОДНА БАНКА: Растат каматите на депозитите

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“