САЛВИНИ ГО БАРА ЗЛАТОТО ОД БРИСЕЛ НАЗАД: Тоа му припаѓа на италијанскиот народ!

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2019
Вицепремиерот и министер на полицијата на Италија Матео Салвини сака да ги одземе италијанските златни резерви од Централните банки во Брисел.
Салвини, кој е водач на десничарската партија Лига за Север, повика на преземање на контролата над италијанските златни резерви далеку од централната банка на земјата.
-Златото е сопственост на италијанскиот народ, а не на било кој друг-нагласи тој.
Коментарите следат бидејќи Салвини побарал управата на Италијанската банка „целосно да се исчисти“ бидејќи не успеала да ја спречи банкарската криза во земјата.
Тој додал и „измамниците“ кои не биле подложени на надзор „би требало подолго да завршат во затвор“.
Таа изјава следи бидејќи влијателниот медиум „La Stampa“ објави дека коалиционата влада, која ја формирале Лига и Движење 5 ѕвезди , барала да ги продаде резервите на Банката на Италија за финансирање на дополнителни државни потрошувачки и избегнување на планираното зголемување на ДДВ до 2020 година. Салвини рекол дека уште не ја проучил опцијата детално, но додал дека „тоа може да биде интересна идеја“.
Клаудио Борги, кој важи за близок економски советни на Салвини, повикал на усвојување на закон во кој италијанската држава а не Банка на Италија, би требало да биде признаена како краен сопственик на златни резерви на земјата.
Можеби ќе ве интересира
„ПАДНА“ ДОГОВОР: Поевтин роаминг ќе имаме со Грција

Ќе ги позлати ли ЕЛЕМ машините за ископ во РЕК Битола?

За десет дена ќе се знае кој ќе биде универзален снабдувач на струја во Македонија

КОКА КОЛА ДАДЕ 260 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА „БАМБИ“: Сега го “мерка“ и „Књаз Милош“

Најсеверниот град во светот има најповолни станови, никој не ги сака: Исланд на раб на криза

УТРИНСКИ ФОКУС: Поскапе бензинот, ЕЛЕМ пиша-бриша тендери, нафтени резерви

Зошто ЕЛЕМ ги поништи досегашните тендери, и ќе го чека тој во април?
