Салвини: Избори што е можно поскоро
Објавено во: Свет 09 Август, 2019
Вицепремиерот на Италија, Матео Салвини побара избори и тоа што е можно побргу, кога го прогласи распадот на владејачката коалиција.
Салвини, лидер на десничарската партија, во соопштение за медиумите рече дека го известил премиерот Конте дека коалицијата на неговата партија со 5-вездениот антисистемски движење се распадна и оти е потребно да се остави на гласачите што е можно поскоро.
„Веднаш ќе одиме во парламентот да објавиме дека повеќе нема мнозинство и брзо ќе побараме гласање, избори треба да има и тоа што е можно побрзо“, рече Салвини во изјавата објавена по серијата состаноци на политичките лидери.
Тој додаде дека парламентот треба да се состане следната недела и да донесе одлука за потребните процедурални чекори