05 Јуни, 2020
0.0265

Самарас: Ние направивме целосни отстапки, а скопските висат

Објавено во: Балкан 02 Декември, 2019

Андонис Самарас, поранешниот грчки премиер, во чие време беше блокиран влезот на Македонија во НАТО на Конгерсот на владеачката Нова Демократија, која сега ја предводи Киријакос Мицотакис, рече дека грчката страна ги исполнила целосно обврските кон Преспанскиот договор, додека македонските се уште висат затоа што не се започнати преговорите со ЕУ.

– Грција даде сè од старт и име и признавање на националност и признавање на јазик, а Скопје вети дека ќе направи некои отстапки во иднина, доколку оди напред нивната интеграција во Европа. Но, тоа не зависи ниту од нас, ниту од Скопје. Впрочем може други земји да стават вето. И тоа се случи. Франција, Холандија и Данска ставија вето, а Бугарија поставува сериозни проблеми за признавањето на таканаречениот македонски јазик. Па така, останаа само нашите целосни отстапки што беа направени на почетокот. А скопските идни обврски висат. Некои ни велеа дека ако го ставиме Скопје во НАТО, ќе го стабилизираме. Но, овде е чудното откако Скопје влезе во НАТО, започнаа сомнежите за самото НАТО, рече поранешниот грчки премиер и се запраша „кој ќе го стабилизира самото НАТО?”, рече Самарас на партискиот конгрес.

Тој додаде дека Нова Демократија треба да ја заштити Грција од негативните последици од договорот и грчкиот карактер на „Македонија“ при што доби аплауз од присутните на конгресот на Нова демократија. Поранешниот грчки премиер коментира дека и во пракса се покажало дека е штетен и неприфатлив договорот, а Грција во Преспа „призна иредентизам што создава проблеми и со други земји во регионот”.



Можеби ќе ве интересира

ГРЦИЈА ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ: Добредојде за српските туристи од 15.јуни

ГРЦИЈА ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ: Добредојде за српските туристи од 15.јуни

ГРЦИЈА ПОПУШТА: На бродовите и траектите за 10 проценти повеќе патници

ГРЦИЈА ПОПУШТА: На бродовите и траектите за 10 проценти повеќе патници

СЕ ОТВОРААТ БИЗНИСИТЕ: Грција на 1 јули ќе биде вратена во нормала

СЕ ОТВОРААТ БИЗНИСИТЕ: Грција на 1 јули ќе биде вратена во нормала

(ФОТО) ПОГОДЕН СЕВЕРОТ НА ХРВАТСКА: Паѓаше град со големина на лешник

(ФОТО) ПОГОДЕН СЕВЕРОТ НА ХРВАТСКА: Паѓаше град со големина на лешник

ХРВАТСКА: Цела куќа со базен може да се изнајми за 114 евра

ХРВАТСКА: Цела куќа со базен може да се изнајми за 114 евра

АВИОН СЛЕТА ВО АТИНА: Од 91 патник, 12 позитивни на коронавирусот

АВИОН СЛЕТА ВО АТИНА: Од 91 патник, 12 позитивни на коронавирусот

ЗЕМЈОТРЕС ВО РОМАНИЈА: Eпицентарот северно од Букурешт

ЗЕМЈОТРЕС ВО РОМАНИЈА: Eпицентарот северно од Букурешт

НОВИ ПРАВИЛА ВО ГРЦИЈА: Дистанца меѓу чадорите и ограничен број на капачи

НОВИ ПРАВИЛА ВО ГРЦИЈА: Дистанца меѓу чадорите и ограничен број на капачи

НЕМААТ НОВ СЛУЧАЈ 28 ДЕНА: Црна Гора го победи вирусот

НЕМААТ НОВ СЛУЧАЈ 28 ДЕНА: Црна Гора го победи вирусот