Добивај вести на Viber
Премиерот на Грција излезе со предлог делумно да се обнови дејноста на јавната радио и телевизиска компанија, чие брутално затворање предизвика гнев во Грција и мноштво критики во Европа, пренесоа француските медиуми.
.
-Може да се создаде привремена комисија со широка поддршка на политичките партии, за да примиме мал број вработени и да може под итно да се обнови емитувањето на информативните програми, изјави премиерот во коминике, цитирано од француските медиуми.
Сепак овие размислувања на Самарас не ги задоволуваат социјалистите, помалот партнер во владеачката трипартитна коалиција, пренесоа британските медиуми.
-ПАСОК јасно и јавно ја кажува својата позиција. Предлогот на Самарас не одговара на она за што се залага ПАСОК, изјави претставник на партијата, цитиран од британските медиуми
Владата на Самарас во вторникот изненадувачки ја затвори грчката јавна радио и телевизиска компанија ЕРТ, напоменуваат агенциите.