САМО 15.000 ЗА БАЛКАНОТ: Германија го ограничува бројот на работни визи
Објавено во: Економија 07 Јули, 2020
Германија го ограничува бројот на работни визи на 15.000 за Балканот.
Земјата размислува дали да ги продолжи правилата за вработување на нискоквалификувана работна сила од нашиот регион.
Правилото е воведено во 2016 година и се очекува да важи до крајот на оваа година.
Од германското Сојузно министерство за труд, велат дека управувањето со миграцијата е можно со издавање дозволи, односно визи, во согласност со потребите на пазарот на трудот, доколку за специфични работни места нема кандидати од Германија или други земји од ЕУ.
Западен Балкан има квалификувани занаетчии, а во Германија се потребни ѕидари, водоводџии, електричари, столари.
Инаку, во Германија има нешто повеќе од 100.000 луѓе со македонско потекло, покажаа бројките на Евростат.
Во земјата бројот на невработени се очекува да скокне над 5 милиони.