19 Април, 2024
0.0271

Само 20 проценти излезност на изборите во Авганистан

Објавено во: Свет 29 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Само 20 проценти е излезноста на изборите кои вчера се одржаа во Авганистан. 

Ова е голем пад во споредба со околу 7 милиони гласачи кои гласаа на претходните претседателски избори во 2014 година.

На авганистанските претседателски избори според неофицијалните процени, излегле малку повеќе од два милиона луѓе или околу 20 отсто од регистрираните гласачи, изјави во неделата претставник на државната изборна комисија, со што се зголемуваат стравувањата дека слабиот одѕив ќе наштети на изборниот процес.

„Овие избори беа најчисти и најфер во однос на претходните гласања“, рече Хава Алам Нуристани, претседателка на Независната изборна комисија, по завршувањето на гласањето.

И покрај талибанските закани со напади, два милиона Авганистанци излегоа на изборите кои се сметаат за голем тест за способноста на владата поддржана од Западот да ја заштити деморкатијата.

Претходните избори беа оспорени со обвинувања за изборна измама, десетици жртви и тврдења дека изборната комисија не била независна. Таквите обвинуваа се надвија и на саботните избори. Влошената ситуација и талибанските закани сигурно одвратиле многу гласачи да излезат. Талибанските бунтовници нападнаа неколку изборачки места, но големите безбедносни мерки спречија големо насилство.

Прелиминарните резултати не се очекуваат пред 19-ти октомври, а конечните ќе бидат познати дури во првата седмица од месец ноември. Ако ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, ќе има втор круг во кој ќе одат двата водечки кандидати. 

Можеби ќе ве интересира

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија