Само Албанците имаат пониски плати од Македонците
Објавено во: Економија 12 Март, 2019
Македонија е на 35. место меѓу 39 земји во Европа ако се земе в предвид просечната нето плата.
Македонците добиваат 25.784 денари или 419 евра месечно.
Зад нас се само Албанија со 347 евра, Белорусија со 406 евра, Молдавија со 364 евра и Украина каде што платата достигнува едвај 310 евра месечно.
Србија има просек од 443 евра месечно, Босна и Херцеговина со 463 евра, Црна Гора со 513 евра, Хрватска каде што просекот е 844 евра, а најдобра е Словенија каде нето платата месечно изнесува 1.092 евра.