20 Април, 2024
0.0368

Само денеска: Бесплатно мерење на очен притисок за пациенти кои имаат глауком

Објавено во: Мои пари 12 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Здружението на офталмолози денеска во Скопје со почеток од 10:00 часот изутрина спроведоа акција под мотото „победете го невидливиот глаукомза бесплатно мерење на очен притисок, како дел од активностите за одбележувањето на Светската недела на глаукомот. На пунктот на градскиот плоштад, граѓаните добива и совети како да го заштитат и зачуваат здравјето на очите.


„Oваа акција за бесплатно мерење на очен притисок ја спроведуваме повеќе од 10 години за да направиме испитувања и да ја подигнеме свеста на граѓаните за последиците од оваа состојба. Глаукомот е заболување кое го напаѓа очниот нерв, односно настанува притисок кога очната вода се насобира во предниот дел на окото, на тој начин што го зголемува очниот притисок. За жал, оваа состојба е вообичаено без симптоми се додека не е доцна. Досегашните студии покажуваат дека околу 2 – 3% од популацијата постара од 40 год., боледува од некоја врста на глауком, а се претпоставува дека 50% не е дијагностицирано.“изјави Проф. Др. Весна Јорданова член на здружението на офталмолози.


Одржаните активности се во насока и со единствена цел за превенција од глауком, болест која се смета за втора водечка причина за слепило. Според податоците кои беа презентирани, во Република Македонија од глауком се заболени околу 20 илјади луѓе. Болеста често завршува со намалување на видот и со слепило.“ – изјавија од фармацевтската компанија Новартис, која што веќе цела деценија активно ги поддржува овие активности.


Глаукомата наречена уште и тивок крадец на видот се развива без да има видливи симптоми додека не се намали значително видот на едното око, и доколку не се дијагностицира и лекува навремено најчесто води до слепило. Во Македонија нема точна бројка колку лица страдаат од глауком бидејќи нема национален регистар за ова заболување на очите. Но, светската статистика загрижува бидејќи се прогнозира дека до 2020 со очен притисок ќе живеат 80 милиони лица, а 6 милиони ќе бидат слепи.


Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција