Само еден удар може да ја покрене бурата: ММФ и Лагард го прогнозираат ова!
Објавено во: Економија 11 Февруари, 2019
Меѓународниот монетарен фонд предупредува на можна „економска бура“ со оглед на тоа дека развојот на глобалната економија не ги исполнува ветувањата.
-Проблемот е во тоа што гледаме дека економијата се развива многу побавно отколку што очекувавме-рече директорката на ММФ Кристин Лагард.
„Кога има премногу облаци, потребен е само еден удар на молња да се покрене бурата“ - вели Лагард.
Во текот на минатиот месец ММФ ги намали прогнозите за развој на глобалната економија за оваа година од 3,7 отсто на 3,5 отсто.
Според Лагард, „четири облаци“ се главни фактори кои ја нарушуваат глобалната економија и може да донесат бура.
-Меѓу тие ризици се и трговските тензии и воведување на санкции, финансиски проблеми, несигурност околу исходот на Брегзит и забавениот раст на економијата на Кина-рекла Лагард.
Таа нагласила дека трговските тензии, воглавно во облик на спорот околу царините помеѓу САД и Кина, веќе имаат влијание.
Лагард укажала на ризици од сите поголеми трошоци на позајмувања кои ги вршат владите, компаниите и домаќинствата.
-Кога има премногу облаци, потребно е само еден удар на молњата да покрене бурата-додала Лагард.
Foto: Beta/AP/Markus-Schreiber