23 Април, 2024
0.0264

Само со лична карта ќе влегуваме во уште една земја од соседството

Објавено во: Македонија 12 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска во Скопје се сретна со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, а имаше и средба помеѓу владини делегации на двете држави, по што се потпишани два важни договора и беше одржана заедничка прес-конференција.

„Имаме чест со мојот колега и добар пријател на Република Македонија, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина да ви соопштиме дека:

Граѓаните од Македонија ќе влегуваат само со лични карти во Босна и Херцеговина, и граѓаните на Босна и Херцеговина ќе влегуваат само со лични карти во Македонија.

Ова е веќе пракса што Република Македонија ја воспостави со Република Србија и Република Албанија, а од денеска таа важи и за патувањата во Босна и Херцеговина.

Ова е втор конкретен чекор за олеснето движење на граѓаните на нашите земји, по веќе потпишаниот договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи.

Понатаму, учениците во основното и средното образование и студентите во високото образование ќе се запишуваат под исти услови што важат за државјаните на двете земји. За плаќањето на школарините, во двете држави, ќе се применуваат еднакви критериуми што важат и за домашните студенти“, соопшти на прес-конференцијата за медиумите, премиерот Заев.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП