29 Март, 2024
0.0263

Само три објавени странски инвестиции со владина помош во 2019

Објавено во: Економија 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Комисијата за заштита на конкуренцијата до сега објави за само три владини известувања за помош на странски инвестиции во првата половина од 2019, што потврдува дека ланското темпо кое беше наметнато на ова поле оваа година опаднува.

Балканлар Пластик од индустриската развојна зона Бунарџик е ослободен од плаќање на данок на добивка и персонален данок до 10 години, царински ослободувања и олеснувања, плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште, помош во висина до 10 отсто од инвестицијата за градење и машини, но не повеќе од 1.000.000 евра. Проектот на инвеститорот е наменет за производство на пластична амбалажа.

Уште еден турски инвеститор во Бунарџик - Мурат Виринг Системс ги има истите привилегии како и Балканлар Пластик, со тоа што првите имаат и дополнителна државна помош во висина до 10 отсто од инвестицискиот проект до крајот на 2022. . Мурат Виринг Системс ќе произведува жици и други електронски и електрични кабли.

Зенит Интернатионал продукт е третиот инвеститор во истата зона, но од Обединетите Арапски Емирати за производство на електрични апарати за домаќинство. И за него следуваат стандардните привилегии во која е вклучена можноста да добие и милион евра за инвестицискиот зафат.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев минатата година ги најави овие инвестиции и рече дека треба да отворат по околу 80 работни места секоја од нив.

„Комисијата за економски совети даде препорака до Владата за одобрување на договори за поддршка на државата за инвестиции на Зенит Интернационал од Обединетите Арапски Емирати во вредност од 3 милиони евра, наменети за производство на бојлери, и турската компанија Балкан Пластик од индустријата за пластика, инвестиција вредна 8 милиони евра “, рече вицепремиерот Анѓушев на прес-конференција.

Протокот на странски директни инвестиции во првата година во Македонија е 55,6 милиони евра, наспроти 312,8 милиони евра во истиот период од 2018 година, покажаа податоците на Народна банка. Само во јуни изнесуваа 5,7 милиони евра. Минатата година приливот беше рекорден од 624,5 милиони евра, наспроти 181,7 милиони евра во 2017 година.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?