Само во продавниците во Косово: До цената на производот и знамето од земјата на потекло
Објавено во: Економија 19 Јануари, 2019
Во Косово започна спроведувањето на административната инструкција, која предвидува дека знамето на земјата на потекло мора да се стави во секоја продавница покрај цената на производот.
За прекршување на оваа одредба, предвидени се казни за трговци во висина од 1.000 до 10.000 евра.
Усвојувањето и спроведувањето на ова административно упатство за косовските власти претставува уште една мерка за заштита, како што е објаснето, на домашното производство.
"Отсега натаму, граѓаните не мора да читаат баркодови. Лесно е да се види кој производ е од соседните земји и кој е домашен", рече градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети.