20 Април, 2024
0.0299

САМОВРАБОТУВАЊЕ: Какви бизниси најчесто отвораат Македонците?

Објавено во: Економија 10 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Интересот за самовработување со помош на програмите на Агенцијата за вработување се зголемува, додека апликантите најчесто почнуваат бизниси со трговија на големо и мало.

Атрактивни сектори за почнување бизнис се и преработувачката индустрија, како и земјодство, шумарство и рибарство.

Од АВРМ велат дека најактивен регион на корисници на програмата во 2017 година е скопскиот со 17%, понатаму следи тетовскиот со 13% и прилепскиот регион со 9% застапеност на корисници на програмата – основачи на бизниси. Според старосната структура, најголема застапеност имаат корисниците од 30 – 49 години години. 

„Програмата бележи постојан раст, според бројот на апликанти и формирани бизниси. Во 2017 година, преку 3000 лица аплицирале на една од трите програми кои беа отворени како поддршка за претприемништво и основање сопствен бизнис (Самовработување, Старт-ап Програма за млади лица до 29 години и Самовработување на лица со попреченост), од кои 1648 лица ја завршиле обуката за претприемништво, се основале 1316 бизниси (493 од жени, а 537 од млади до 29 години), а се реализирале 1418 вработувања. За 2018 година, планирано е формирање на 980 бизниси, вклучително со млади основачи до 29 години и 50 лица со попреченост. До сега обуката за претприемништо успешно ја поминале 1521 кандидати, изработени се 920 бизнис планови, a се очекува првите правни субјекти да се регистрираат до средината на месец август“ – велат од АВРМ.

Ова е шанса за многу граѓани да дојдат до вработување и да имаат постојани приходи.

Јас сум на возраст над 35 години, и сега до ноември ќе се навршат две години како имам свој бизнис, отворив игротека. Сè што можеа да ми помогнат од АВРМ со обуки, па и да се разработи бизнисот  ми помогнаа и сум задоволна. Бидејќи работам со луѓе, потребни се две до три години за да бизнисот се разработи, да ме научат клиентите“ – додава  жена од Куманово, која е сопственик на игротека.

Мерките нудат финансиска помош за одреден временски период, по што луѓето кои отвориле фирма треба да продолжат да работат и да застанат на свои нозе.

Програмата Самовработување се имплементира од 2007 година и преку истата до денес се имаат регистрирано преку 9000 правни субјекти со стапка на успешност која се движи помеѓу 65-70%.

Секоја петта активна компанија која се отворила на овој начин креирала нови работни места.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор