29 Март, 2024
0.0266

Samsung Galaxy S20 Ultra - Смартфон за сериозен бизнис

Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Samsung Galaxy S20 Ultra како најмоќниот премиум смартфон во овој дел од годината досега е еден од најсериозните смартфони наменети за луѓето од деловниот свет на кои им е потребен соодветен работен уред кога се надвор од канцеларија.

Фактор имаше можност да работи одредено време со Samsung Galaxy S20 Ultra, па ова се нашите впечатоци и импресии од овој супер напреден и модерен смартфон.

Сериозен бизнис со Samsung Galaxy S20 Ultra

Брзото темпо на работа и постојаната потреба од брза и навремена информација прават секојдневното работење да биде невозможно без квалитетен мобилен уред. Токму таков е Samsung Galaxy S20 Ultra кој ќе им биде од огромна корист на сите бизнисмени, менаџери, и професионалци за завршување на дневните обврски.

Samsung Galaxy S20 Ultra има 6.9 инчен Dynamic AMOLED 2X дисплеј со врвна резолуција од 1440 x 3200 пиксели, поддршка за HDR 10 Plus стандардот и Always On приказ на нотификации без да се троши батеријата.

Екранот е доволно голем како работна површина па така немате потреба воопшто од таблет или помал лаптоп. Прегледот на мултимедијални содржини е совршен на Samsung Galaxy S20 Ultra, а гледањето видеа е импресивно, особено при највисоките резолуции.

Исто така големината на екранот ќе ви овозможи лесно отворање и читање на документи, но и основно креирање и уредување преку Office апликации.


Врвна безбедност при вашето работење

Samsung Galaxy S20 Ultra го користи безбедносниот систем KNOX кој овозможува дополнителна заштита на вашите податоци и фајлови. Така сите материјали од вашата работа кои имаат сензитивна содржина или деловна тајна ќе бидат соодветни заштитени од можни онлајн опасности.

Секогаш кога ја напуштаме канцеларијата и службениот лаптоп или десктоп неопходно е да имаме соодветен уред како Samsung Galaxy S20 Ultra со KNOX системот.


Со Samsung DeX не ви треба десктоп

Samsung Galaxy S20 Ultra многу лесно може да го претворите во десктоп машина преку софтверот Samsung DeX. Се што треба да направите е да го поврзете смартфонот со надворешен дисплеј и преку апликацијата ќе може да работите со сите мобилни и веб апликации, да работите со документи, e-mail сервиси и многу напредни алатки од вашето секојдневно работење.

Втората опција е доколку веќе имате Windows или Mac декстоп компјутер да ја употребите апликацијата Samsung DeX за да го поврзете вашиот Samsung Galaxy S20 Ultra и да го користите како примарен извор на хардвер и софтвер. Така преку системот на Virtual Desktop Infrastructure ќе продолжите да работите непречено со Samsung Galaxy S20 Ultra како ваш смартфон.


Перформанси за неверојатна брзина при извршување на обврските

Samsung Galaxy S20 Ultra работи со најмоќен осум јадрен 7nm+ процесор со најмодерна технологија, па секогаш можете да сметате на инстант завршување на сите операции и зададени команди. Смартфонот има рекордни 12 GB RAM меморија за максимално искористување на Multi window опцијата за работа со повеќе апликации истовремено. Со основна меморија од 128 GB ќе имате доволно простор за складирање на сите фајлови и документи.

Повеќечасовното интезивно работење со Samsung Galaxy S20 Ultra и времето поминато во деловни телефонски или конференциски разговори нема да се одрази на батеријата која има одличен капацитет од 5000 mAh.

Слободно може да ја трошите батеријата бидејќи со технологијата на супер брзо полнење од 45W ќе добиете за половина час речиси 90% од енергетскиот капацитет на Samsung Galaxy S20 Ultra за да продолжите со работата.

Камерата е исто така една од најимпресивните во мобилниот свет. Samsung Galaxy S20 Ultra доаѓа со главна камера со четири сензори со 108 мегапикселна широка леќа, 48 мегапикселна перископска телефото леќа, 12 мегапикселна ултраширока леќа и еден 3D Time of Flight сензор од 0,3 мегапиксели.

Samsung Galaxy S20 Ultra е навистина брилијантен смартфон како за мултимедија така и за деловни активности. Затоа би ви го препорачале ако имате голем број на обврски вклучувајќи и динамичен работен распоред надвор од канцеларијата. Ваков уред ќе ви се исплати премногу бидејќи ќе ви го олесни деловниот живот, и затоа е навистина паметна инвестиција.

Можеби ќе ве интересира

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон