25 Април, 2024
0.0281

Самсунг го претстави изданието на Галакси С9 и Галакси С9+ во нијанса на Златно Изгрејсонце!

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Компанијата Самсунг Електроникс(Samsung Electronics Co., Ltd.)ги најави новите изданија на Галакси С9 (Galaxy S9) и Галакси С9+(Galaxy S9+) паметните телефони, во нијанса на Златно Изгрејсонце (Sunrise Gold). Представени пред широката публика во Февруари, 2018 година, Самсунг Галакси С9 и С9+ се исто така достапни и во Полноќно Црна, Корално Сина и Пурпурно Виолетова.

Луѓето сакаат да имаат можност да го изразат својот стил и карактер преку технологијата, а бојата игра важна улога во целиот процес на персонализација. Новото издание ја збогатуваат понудата на бои во кои се достапни Галакси С9 и С9+ со нови живописти стилови кои ги обединуваат модерното и класичното чувство.“ – изјави Јонгхи Ли (Younghee Lee), Извршен Подпретседател во Компанијата Самсунг Електроникс.


Изданијата во нијанса на Златно Изгрејсонце на Галакси С9 и С9+ се првите уреди на Самсунг кои вклучуваат сјајна сатенска завршница која го опфаќа целиот уред со смирувачки сјај и светкавост. Новата нијанса на Златно Изгрејсонце создава чувство на живописност, а воедно и смирува и релаксира. Овој софистициран финиш е развиен со цел да им се допадне на сите корисници со доближување стилот на високата мода и дизајнот на урбаните ентериери кон мобилниот уред на корисникот.  

Самсунг Галакси С9 и С9+ го редизајнираат начинот на кој комуницираме, споделуваме и го искусуваме светот.

·  Редизајнирана Камера: Галакси С9 и С9+ камерите се со вграден “Super Speed Dual Pixel“ сензор со посветена моќ за процесирање и меморија за креирање неверојатни фотографии со висок квалитет и вклучуваат можности за снимање видео со “Super Slow-mo“ функција, фотографирање во услови на слаба осветленост, леќа со двојна бленда, “AR Emoji“и интегрирана гласовна команда – Бигзби.

·  Извонредна Забава: Овие паметни телефони нудат премиум звучно искуство со помош на стерео звучниците поставени од АКГ (AKG)и поддржуваат Долби Атмос (Dolby Atmos), креирајќи ефект на звук од 360 степени.

·  Галакси Основни Карактеристики: Карактеристиките што корисниците ги сакаат и ги очекуваатсе стандард со Галакси С9 и С9+, вклучувајќи: скен на ирисот на окото и отпечатокот од прстот, можности за препознавање на лице подобрени со технологија за длабинско учење и Интелигентно Скенирање; “IP68“ отпорност на вода и прашина и можност за брзо и бежично полнење.

Во Македонија, изданијата на Галакси С9 и С9+ во нијанса на Златно Изгрејсонце се веќе достапни за потрошувачите од средината на овој месец, а сите заинтересирани може да ги набават во продажните салони на Македонски Телеком, Нептун Македонија и Сетек.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет