25 Април, 2024
0.0327

Соединување на две познати галаксии

Samsung и Војна на ѕвездите ќе ги израдуваат своите фанови со уникатно издание на Note10+

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во пресрет на продолжението на легендарното филмско остварување, Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер, чија премиера е закажана за во декември оваа година, компанијата Samsung Electronics го претстави специјалното издание на Galaxy Note10+ моделот.


Преку соработката со продукциската куќа Lucasfilm и изданието кое содржи специјално дизајниран телефон, маска, значка за колекционери, S Pen и безжични слушалки, соединети се две галаксии. Покрај тоа, пакетот доаѓа со посебни теми, анимации, икони и мелодија кои ќе предизвикат еуфорија кај секој фан на познатата франшиза.

Од претставувањето во август оваа година, паметните телефони Note10+ ги направија милиони луѓе низ целата планета повеќе продуктивни и покреативни. Моделот кој е истовремено вистинско уметничко дело, комбинира импресивен дизајн и моќни перформанси со ефикасни алатки и врвна камера. Со претставувањето на специјалното издание, Samsung ќе ги инспирира фановите на легендарната франшиза да ги одбележат сите свои легендарни моменти. За повеќе детали за специјалното издание, погледнете на: https://www.samsung.com/global/galaxy/campaigns/star-wars-ix-collaboration/


Специјалното издание Galaxy Note10+ Star Wars™ ќе биде достапно на одредени пазари[1] од 10. декември. Соработката на двете галаксии беше најавена во октомври, а продолжението следеше во вид на мини филм, во чиј фокус е дете кое сака да вдоми напуштено куче. Самото куче неодоливо потсетува на култниот Чубака и детето за време на траење на филмот, користејќи носечки уреди на Samsung, како Galaxy Note10, Note10+, Watch Active2 и Tab S6, се труди да го убеди семејството да го посвојат.



[1]Специјалното издание ќе биде достапно на пазарите на Австралија, Данска, Финска, Германија, Хонг Конг, Русија, Шпанија, Шведска, Турција, ОАЕ, Велика Британија и САД. 


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка