28 Март, 2024
0.0260

Samsung награден со 48 признанија за дизајн на IDEA 2020

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung Electronics освои дури 48 награди за извонредниот дизајн, во рамките на меѓународно признатиот настан International Design Excellence Awards 2020 (IDEA 2020), вклучувајќи едно злато, четири сребрени, четири бронзени и престижното признание Best-in-Show. Освен награда за врвен дизајн во поглед на креативноста и и иновациите, Samsung го освои и признанието за широк спектар на производи со докажана извонредност во креирање на решенија кои што го следат животниот стил на корисникот, дишат со елегантна естетика, нудат интерактивност и одржлив дизајн.  

Доделувањето на IDEA наградите се одржува еднаш годишно, уште од 1980 година, во организација на Американската асоцијација на индустриски дизајнери (IDSA), а врз основа на различни критериуми за избор, како што се иновациите во дизајнот, придобивките за корисниците на производите и предностите за општеството.

Златното признание за иновативност и пружање на искуство базирано на потребите на корисниците ја освои фрижидерот Samsung BESPOKE Family Hub UX, кој што на корисниците им овозможува да споделуваат и да креираат рецепти и фотографии директно преку екранот на фрижидерот. Исто така, поврзаноста со мобилните апликации нуди постојан пристап до неговите функции, без оглед на тоа каде се наоѓа корисникот.  

Покрај моделот Family Hub, класичниот фрижидер BESPOKE ја освои Сребрената награда, благодарение на својот прилагодлив, модуларен дизајн кој што на корисниците им дава можност да одберат боја, материјал и тип на модел, во согласност со животниот стил и преференциите. Важно е да се напомене дека фрижидерот BESPOKE оваа година веќе ја освои престижната iF Златна награда за дизајн. Покрај тоа, жирито на IDEA 2020 на Samsung компанијата и ја додели и наградата Best-in-Show, како посебно признание за фрижидерите BESPOKE Family Hub UX и BESPOKE, за достигнувањата во дизајнот базиран на потребите на корисниците.

Сребрени награди освоија The Serif, 8K телевизорот Q950TS, како и Samsung Upcycling флексибилното решение за пакување на телевизорите од lifestyle линијата – The Frame, The Serif и The Sero. Пакувањето е така дизајнирано за да ги охрабри потрошувачите да им дадат на кутиите нова употребна вредност и од нив да направат иновативни мали парчиња мебел, како што се куќички за мачки или сталажа за телевизор. Ова еколошко пакување во 2020 година доби и CES награда за иновативен концепт, допринос за заштита на животната средина и подигнување на свеста за рециклирање и upcyclingu.

Бронзените награди се доделени за: смарт телефонот на поклопување Galaxy Fold, Infinite Line™ рерната со врвен дизајн, за визуелниот идентитет на The Sero телевизорот насочен кон милениците, како и Inclusive IoT, концептот на напреден дизајн кој користи систем за препознавање на звукот базиран на вештачка интелигенција за да им помогне на луѓето со оштетен слух.

„Дизајнот сѐ повеќе ја вреднува интеракцијата помеѓу производот и корисничкото искуство, а Samsung ќе продолжи да го нуди токму тоа на своите корисници, со промовирање на одржливи, иновативни технологии и дизајн кој што се разликува од останатите“, изјави Dontae Lee, извршен потпретседател и раководител на Центарот за корпоративен дизајн на компанијата Samsung Electronics.

Церемонијата IDEA 2020 е одржана виртуелно на 16 септември, а меѓународната конференција за дизајн на која зборуваше Felik Hek, потпретседател и раководител на компанијата Samsung Design Europe, беше на програма од 17 до 18 септември.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“