САН ФРАНЦИСКО: Забрануваат движење на привaтни автомобили на фреквентни места
Објавено во: Свет 23 Октомври, 2019
Сан Франциско поради метежот кој се создава на улицата Маркет ќе го забрани сообраќајот за приватните автомобили.
Градските власти на овој чекор се одлучиле бидејќи сакаат да ја зголемат продуктивноста на градскиот сообраќај за да има помалку загадување, за сообраќајот да биде побрз, улиците посигурни и за туристите да можат слободно да се движат.
Од наредната година најпрометната улица во Сан Франциско го затвора сообраќајот за приватните возила и по патиштата ќе можат да поминуваат само такси возила и градски превоз.фото Википедија