Саниран дефект и најава за прекин утре
Објавено во: Мои пари 18 Јануари, 2020
Дефектот на ул.3 бр.23 н.Визбегово е решен. Водоснабдувањето е нормализирано во 15:00 часот.
На ден 19.01.2020г. ќе се работи на уличен дефект од ф700мм без затварање на вода на Бул.Александар Македонски бб ( ЕСТ – Када ) пред влезот на АСУЦ Боро Петрушевски, доколку има потреба да се затвори водата со прекинато водоснабдување од 10:00 часот ќе останат корисниците на Скопска ПИВАРА, дел од Булевар Александар Македонски и населбите Ченто, Маџари и Хиподром и Трубарево до завршување на дефектот.