29 Март, 2024
0.0238

Сања Лукаревска за казните е-даночни пријави: Да зборуваме за убави работи

Објавено во: Финансии 13 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска ја убверуваше јавноста дека мобилни даночни шалтери ќе им помагаат на оние кои нема да знаат компјутерски да се снајдат во регистрирањето на е-пријава во новата даночна реформа што е предвидено да се спроведе до крајот на годината. Новините предизвикаа негодување кај граѓаните и сите реагираа на социјалните мрежи.

- Ќе има мобилни даночни шалтери, дури и во најнедостапните места за да се асистира за помош - рече Лукаревска.

На новинарско прашање колкави ќе бидат казните доколку некој го испушти рокот, Лукаревска рече дека не е донесена одлука.

- Да зборуваме за убави работи. Доколку некој доцни, ние знаеме и да му се јавиме да го потсетиме - рече таа.

Според новите правила, до крајот на годинава, сите граѓани кои оствариле каков било приход мора да се регистрираат за електронска годишна даночна пријава и таму да ги внесат своите примања. Тоа значи дека и пензионерите треба да ги внесат приходите по основ на пензија. И тие но и сите други граѓани мора да влезат во системот за да може управата да им ја изготви пријавата. 

Е-даночната пријава е ново решение на УЈП. До крајот на годината податоци треба да испратат сите граѓани кои оствариле приход од редовни месечни примања, плата или пензија, но се пријавуваат и дополнителните заработки од капитални добивки, продажба на недвижен имот договори на дело, работа на интернет и слично. Регистрацијата е на системот е-персонален данок, а потоа барањето за регистрација треба да се поднесе на шалтерите на Управата за јавни приходи. Регистрацијата граѓаните ќе мора да ја направат само еднаш, а не како досега секоја година сами да ги поднесуваат пријавите.

УЈП предвидела за тие кои се болни, изнемоштени нои оние кои не знаат да работат на компјутер да можат да ополномоштат помладо лице на нотар па тој за нив да ја врши работата.



Можеби ќе ве интересира

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“